Почитувани посетители,
Добредојдовте на презентацијата на компанијата RADEK.
RADEK е реномирана компанија која Ви нуди висококвалитетени машини за обработка на дрво, метал, алуминиум и пластика.
Составена од тим на менаџери и сервисери со долгогодишно искуство, целта на RADEK тимот е ефикасно пласирање на производи со сигурен и врвен квалитет на пазарот, континуирана едукација со цел да се биде во чекор со светските трендови и иновации, како и проширување на мрежата на задоволни клиенти.
Стварајќи доверба на темел на взаемно почитување со клиентите веруваме дека ќе успееме во тоа.
Ние сме директни увозници на машини за обработка на дрво, метал, алуминиум и пластика од повеќе Европски и Светски производители.
Се надеваме дека подетално ќе се запознаете со нашата работа и ќе се уверите дека основната мисија на нашата компанија е што е можно поголем број на задоволни клиенти.
Дозволете ни да Ве запознаеме, а ние Ви ветуваме дека во нас ќе пронајдете доверлив и сигурен деловен партнер, бидејќи за нас, квалитетот е на прво место!
На нашиот сајт можете да ги разгледате производите и да се запознаете со нивните карактеристики.