Форматизер од професионална серија со предрезач дизајниран за надолжно, попречно и аголно сечење на плочести материјали (мдф, иверица, шпер плочи, пластика...) како и за масивно дрво. Неопходна машина за сите мали, средни и индустриски производства. Опремена со мануелен подесувач на наклон и висина, подесувач за предрезач, преден фирунг со можност за издолжување, заштитен капак за отпрашување и помошен фирунг со агломер.