Форматизер од индустриска серија со премиум опрема, дизајниран за надолжно, попречно и аголно сечење на плочести материјали (мдф, иверица, шпер плочи, пластика...) како и за масивно дрво. Неопходна машина за сите мали, средни и индустриски производства. Опремена со моторизирано подесување на наклон и висина, прецизен подесувач за предрезач, преден фирунг со можност за издолжување, дигитален мерач за агол, заштитен премиум капак за отпрашување, помошен фирунг со агломер, заден фирунг со дигитален мерач и прецизен подесувач, систем за подмачкување, дополнителна корпа за поддршка на големи панели, помошни маси со поголеми димензии од стандардните кројачи и систем за заклучување на лизгачката маса на повеќе позиции.