Форматизер од брендот HOLZMANN (Austria) со лизгачка маса 3200mm, дизајниран за надолжно, попречно и аголно сечење на плочести материјали (мдф, иверица, шпер плочи, пластика...) како и за масивно дрво. Опремен со мануелен подесувач на наклон и висина, подесувач за предрезач, дигитален мерач за наклон, преден фирунг со можност за издолжување, заштитен капак за отпрашување и помошен фирунг со агломер. Идеална машина за вашата столарска работилница.