Еден од врвните достигнувања во технологијата се CO2 ласерите кои се одликуваат со супериорен квалитет во обработката на различни материјали. Поради сигурноста во работењето и многу ниските трошоци за одржување, CO2 ласерите позитивно влијаат на економската страна на бизнисот. Ласерски зрак кој со помош на огледала и леќи ефективно го пренесува и фокусира зракот за успешно гравирање и сечење на различни материјали како дрво, мдф, шпер плоча, лесонит, плексиглас, кожа, картон, гума, мермер, огледало, обоени метали и друго. Широко се користат во различни индустрии како, индустриски производствени аплкации, мали и големи бизниси, занаетчии, индустрија за пакување, печатарска индустрија, индустрија за преработка на кожа, индустрија за облека, автомобилска индустрија, музички инструменти, архитектура, производство на етикети, медицинска индустрија и многу други.