Цнц рутер од премиум серијата на RADEK со 4 оски специјализиран за комплексни производи и обработка на врати со можност за кроење, вертикално и хоризонтално бушење, длабење и гравирање. Комплетен процен на обработка на врати со една машина. Познат по високата прецизност, брзината, продуктивноста и флексибилната употреба за кроење, гравирање и бушење. Опремен со вакуум табла, вакуум пумпа 7.5kw, пневматски позиционери, уред за автоматско менување на алат, сензор за калибрирање на алат, магацин за 12 алатки, автоматски систем за подмачкување, отпрашувач со две вреќи (5.5kW), флексибилно црево за отпрашување, сет гумици за вакуум табла, калапи за подигнување на работното парче и сет чаури и фрезери. Наменета за индустриска употреба и за мали и средни столарски работилници кој сакаат да го зголемат капацитетот и автоматизираат процесот на производство. Конструкцијата на машината е челична и целосно заварена, изработена од правоаголни челични профили која обезбедува висок степен на цврстина како и одлична отпорност на статички и динамички оптоварувања. Телото на машината е изработено на високо прецизни ЦНЦ металопреработувачки центри со што е загарантирана прецизноста, квалитетот и долготрајноста на машината.