КОМФОРТ ПРИ РАБОТАТА НА НАЈВИСОКО НИВО!
ЦНЦ НЕСТИНГ
RK-2128-PREMIUM
ЦЕНА: 28.805 ЕВРА + 18% ДДВ
ГАРАНЦИЈА: 2 ГОДИНИ

ОПИС

Со цнц нестинг машината добивате најмногу за вашиот буџет, позната e по високата прецизност, брзината, продуктивноста, флексибилната употреба за кроење, гравирање и бушење, и можност за надоградување со уред за утовар и истовар на панели за дополнително автоматизирање на машината.
  • 2 години гаранција.
  • Бесплатна испорака, монтажа и обука.
  • Обезбеден сервис и резервни делови.
  • Можност за плаќање на рати.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ+

Машината е опремена со две вакуум пумпи, пневматски позиционери, уред за автоматско менување на алат, сензор за калибрирање на алат, магацин за 12 алатки, автоматски систем за подмачкување, отпрашувач со две вреќи (5.5kW), флексибилно црево за отпрашување, сет гумици за вакуум табла, пневматски ролери за дополнителна поддршка на вакуумот, уред за автоматско отпрашување на вакуум табла, сет чаури и фрезери, лиценциран софтвер за дизајн и оптимизација и ролери во задниот дел на машината за полесно поставување на панелот.

Цнц нестинг машинате е се повеќе популарна на пазарот, наменета е за индустриска употреба и за мали и средни столарски работилници кој сакаат да го зголемат капацитетот и автоматизираат процесот на производство.

Машината има исклучително економична цена во споредба со останатите брендови и типови на машини за кроење. Главната употреба на цнц нестинг машината се води на кроењето панели, која овозможува брза, прецизна и квалитетна обработка до 100 панели во една смена (8 часа).

Машината користи линеарен магацин за алатки за автоматска промена на алат кој е сместен на самиот мост, со тоа овозможува брза промена на алат, без потреба да патува до крајот на работната маса за да ја изврши истата функција, со што дополнително се намалува абењето на линеарните шини и водилки, а со тоа се зголемува работниот век на машината.

Конструкцијата на машината е челична и целосно заварена, изработена од правоаголни челични профили која обезбедува висок степен на цврстина како и одлична отпорност на статички и динамички оптоварувања. Телото на машината е изработено на високо прецизни ЦНЦ металопреработувачки центри со што е загарантирана прецизноста, квалитетот и долготрајноста на машината.

Детали

Спецификација

Работна површина2100x2800x250mm
Моќност на главен мотор9kW (24.000rpm)
Тип на ладење на главен моторВоздушно
Вид на мотори за движењеСерво мотори
Moќност на моторите за движење1.5kW
Работна масаВакуум маса + алуминиумски шини
Моќност на вакум пумпа 7.5kW (x2)
Број на вакуум зониx8
Тип на ладење на вакуум пумпа:Воздушно
Магацин за алаткиx12
Оперативен системТајван LNC
Изработена од правоаголни стомански цевки, оваа машина осигурува доволно ниво на ригидност на структурата на машината и добра отпорност на статички и динамички оптоварувања.
Сервис и техничка поддршка

РАДЕК има сопствен тим на сервисери опремени со најсовремени алати со цел брзо и ефикасно дијагностицирање и решавање на проблеми. Секогаш достапен да обезбеди брза и професионална услуга. Сервисот нуди и продажба на оригинални резервни делови.