ЗА НАС - Radek
MacedonianEnglishSerbianAlbanianGermanGreek
MacedonianEnglishSerbianAlbanianGermanGreek

Почитувани посетители,

Ви благодариме за интересот на нашите производи, дозволете да Ви се претставиме.

RADEK е реномирана компанија за продажба и сервис на висококвалитетни машини за обработка на дрво и метал, кој се произведени под строги мерки за квалитет и издржливост.

Составена од тим на менаџери и сервисери со долгогодишно искуство, целта на RADEK тимот е ефикасно пласирање на производи со сигурен и врвен квалитет на пазарот, континуирана едукација, со цел да се биде во чекор со светските трендови и иновации, како и проширување на мрежата на задоволни клиенти.

Стварајќи доверба на темел на взаемно почитување со клиентите веруваме дека ќе успееме во тоа.

РАДЕК има сопствен тим на сервисери и инженери опремени со најсовремени алати со цел брзо и ефикасно дијагностицирање и решавање на проблеми. Секогаш достапен да обезбеди брза и професионална услуга. 

Се надеваме дека подетално ќе се запознаете со нашата работа и ќе се уверите дека основната мисија на нашата компанија е што е можно поголем број на задоволни клиенти.

Дозволете ни да Ве запознаеме, а ние Ви ветуваме дека во нас ќе пронајдете доверлив и сигурен деловен партнер, бидејќи за нас, квалитетот е на прво место!